Покемон Гоу стана алатка за шпионажа

Pokemon GO е алатка за шпионажа. Така голем број земји ја оценија популарната игра која ги праќа корисниците на различни географски локации за да ловат Покемони.Во Саудиска Арабија духовниците се изјаснија против играта, нарекувајќи ја „неисламска“. Владата на Босна ги предупреди играчите да внимаваат каде бараат Покемони, бидејќи можат да влезат во мински полиња останати од 90-тите години. Во Египет висок функционер за комуникации предупреди дека играта може да биде забранета, бидејќи ги изложува игражите на ризични места со специјален режим.
Pokemon GO е популарна со тоа што прикажува виртуелен свет исполнет со Покемони врз реална географска карта. При регистрација играта почнува со порака: „Покемон може да се најде во секој агол на светот“ и токму тоа е најголемиот проблем.
„Pokemon GO е најновата алатка која се користи од страна на шпионите. Итрата апликација која се обидува да навлезе во нашите општества со невиниот начин – како забава“ – вели Хамди Бакхиит, член на Комитетот за национална безбедност на египетскиот парламент.
Во Кувајт е забрането апликацијата да се користи околу владини објекти. Владините претставници предупредија дека податоците на индивидуалните корисници може да се искористат од криминалци за да ги привлече на изолирани места.
Израелската влада им забрани на своите војници да ја користат играта, бидејќи џи-пи-ес податоците можат да ја издадат нивната локација.
Портпаролот на компанијата „Ниантик“ ги негираше сите обвиненија за шпионажа.
Играта е користена и за политички цели. Многу корисници на Твитер споделија фотографија на мртов Пикачу (еден од најпопуларните и ретки Покемони во играта) во урнатините во Газа.Во Саудиска Арабија духовниците се изјаснија против играта, нарекувајќи ја „неисламска“. Владата на Босна ги предупреди играчите да вни

Пронајдете не на следниве мрежи: