Пол Гаскоњ на интензивна нега во САД

Поранешниот англиски фудбалер Пол Гаскоњ е сместен на интензивна нега во САД каде што се наоѓа на терапија за одвикнување од алкохол, пишуваат во недела британските медиуми.
 Поранешната ѕвезда на англиската репрезентација, 45 годишниот Гаскоњ, требаше да посетува терапија за одвикнување од алкохол во една клиника во Туксон, Аризона, но неговата здравствена сотојба по пристигањето во САД ги загрижило лекарите и тој е сместен во болница, пишува „Дејли Мејл“.
 Гери Мабут, пријател на Гаскоњ, изјави дека животот на фудбалерот не е загрозен.
 „За жал, пол лошо реагираше на детоксикацијата и лекарите одлучија од безбедносни причини дека е најдобро да го сместат на интензивна нега каде што ќе биде следен 24 часа“, рече Мабут.
 Гаскоњ играше за Тотенхем, Лацио, Глазгов Ренџерс и Њукасл. Дресот на англиската репрезентација го носеше 57 пати и играше во полуфиналето на Светското првенство во Италија во 1990 година.
МакфаксПоранешниот англиски фудбалер Пол Гаскоњ е сместен на ин

Пронајдете не на следниве мрежи: