Осомничениот е поранешен полициски службеник…Поради шпионирање на пејачката Северина Вучковиќ во полиција е испрашан поранешен полицаец. Тој е пуштен потоа но полицијата и натаму е внимателна.
Извор близок до истрагата потврдил за “Јутарњи лист“ дека полицијата сериозно ги сфатила настаните кои ги пријави хрватската пејачка.
Полициските инспектори го идентификуваа, проведоаа и испитаа еден крупен маж, кој пред пејачката и нејзиниот малечок син Александар, удрил со нога во автомобилот на Томица Петровиќ, долгогодишен менаџер на Северина кога таа го повикала штом забележала дека непозната група мажи ја снима неа заедно со синот.
-Мажот чиј индентитет нема да се открие, е испитан во полиција и пуште, – вели извор за Јутарњи.
Тој наводно тврдел дека случајно бил на местото на настанто бидејќи често шетал по тие улици зошто така му било препорачано многу движење поради нарушено здравје.
Интересно е што испитаниот е поранешен полициски службеник.
За групата мажи, кои се уште не се идентификувани, инспекторите веруваат дека не биле случајно во близина на госпоѓицата Вучковиќ. Постои оправдано сомнение дека можеби станува збор за организирано набљудување со мотив кој засега не е познат.Поради шпионирање на пејачката Северина Вучковиќ во полиција е испрашан поранешен полицаец. Тој е пуштен потоа но полицијата и натаму е внимателна.



