Полудувам кога ќе ми влезе: Земав лекови но залудно

Секој пат полудувам кога тоа ми го прави… Не можам да си помогнам. Кога последен пат ми го направи тоа, не можев да се контролирам, врескав па сите соседи ме слушнаа. Бев способна се и сешто да направам. 
Секој пат иста приказна. Знае да ме доведе до лудило. Ужива додека јас се чувствувам немоќно и глупаво. 
Од како почнавме да живееме заедно, сопругот постојано влегува со валкани чевли дома. Прво неколку пати убаво му објаснив да не го прави тоа, имав разбирање…Се занимава со земјоделие, постојано е на нива или на трактор, но не сакам со тие чевли да влегува дома. 
Секој ден чистам но залудно, тој ја има таа ужасна навика. Не знам како да му објаснам да не влегува дома со тие чевли. Од нервоза почнав да земам и лекови но не ми помагаат. Кога последен пат ми го направи тоа, не можев да се контролирам, врескав па сите соседи ме слушнаа. Бев способна се и сешто да направам. 

Пронајдете не на следниве мрежи: