Поминала низ пекол: Гога Секулиќ воопшто не очекувала дека вакво нешто ќе ѝ се случи во Турција!

Гога Секулиќ ја напуштила Србија во желба да направи кариера на модел, но наместо да се фотографира за  насловни страни и реклами, завршила во ропство!„Искрено, не сакам  да се сеќавам на таа приказна. Точно е , заминав во Турција бидејќи верував дека се работи за сигурна работа, кастинг и фотографирање, но ништо од тоа немаше освен ропство“, признава пејачката.
Таа непосредно по објавувањето на својот прв албум „Љубавница“ добила понуда да се испроба во улогата на модел. Ја прифатила понудата, но на нејзе следувал вистински пекол.
Менаџерот кој требало да ги договара кастинзите за девојките и Гога ги заробил.

„Првата недела дена беше одлично! Но, другата недела менаџерот ни ги зема пасошите. Не држеше затворени во станот. Јадевме од она што остана во ладилникот. Немавме контакт со надворешниот свет. Не беше возможно да повикаме никого бидејќи тогаш немавме мобилни телефони. Девојките беа испаничени, некои дури западнаа и во депресија, но јас одлучив да се борам за својот живот“, ја открива Гога својата потресна приказна.

Пејачката одлучила да побегне од станот кој бил како ќелија.
„Се скарав со тој менаџер. Само јас бев бунтовна! Не ми беше сеедно, но некој мораше да се спротивстави. Сепак, и тоа не ми вредеше многу. Затоа одлучив да ја пробијам вратата од станот и сефот во кој беа пасошите. Успеав да побегнам со девојките од тој пекол“, се потсетува пејачката.„Искрено, не сакам  да се сеќавам на таа приказна. Точно е , заминав во Турција бидејќи верував дека се работи за сигурна работа, кастин

Пронајдете не на следниве мрежи: