Попоски на средба со европратениците Вајгл, Кукан и Флекенштајн

Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски, оствари средба со членовите на Европскиот парламент Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн кои престојуваат во Македонија.На средбата, како што соопшти МНР, министерот Попоски ја истакнал важноста за фер и демократски избори и изразил благодарност за поддршката на Европскиот парламент за евро-интегративниот процес на Република Македонија и заложбата за отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија.
Попоски ги запознал соговорниците со активностите на земјата во насока на јакнење на регионалната соработка и унапредување на добрососедските односи.
Членовите на Европскиот парламент го нагласиле значењето од одржување на кредибилни избори, што би ја детерминирала натамошната динамика на пристапниот процес на Република Македонија.На средбата, како што соопшти МНР, министерот Попоски ја истакнал важноста за фер и демократски избори и изразил благодарност за поддршката на Евро

Пронајдете не на следниве мрежи: