Популарната пејачка на Гранд ги изненади сите: „Станав алкохоличар, никој не сака со мене да се дружи“

Српската фолк-пејачка Тања Савиќ (30), во скорешно интервју изјавила дека во последно време станала алкохоличар, бидејќи многу ѝ годи консумирањето коњак. Пејачката не крие дека не е задоволна од својот физички изглед и дека би направила естетска интервенција.„Пријателките ме фалат. Ми велат дај облечи нешто пократко, а јас им возвраќам дека не можам бидејќи имам криви нозе. Потоа ми велат дај поткрени ја косата, јас им велам дека не можам зашто имам клемпави уши. Би отишла на пластичен хирург да направам некоја корекција, но моите деца се малечки. Не смеам да си дозволам да направам некоја операција, а потоа децата случајно да ме удрат“ – изјавила Тања во интервјуто за Премиера.
Таа истакнала дека нејзината публика е навикната на нејзините чудни изјави. Нејзиниот сопруг Душан ја следи во чекор.
„Сигурна сум покрај него. Не можам сама да чекорам низ животот. Плус, немам ниту една другарка. Никој не сака да се дружи со мене“ – додала пејачката.
Таа открила и како ги подмачкува гласните жици пред настап.
„Пијам, станав алкохоличар. Во последно време сакам да пијам коњак, тоа ми годи“ – заклучила пејачката, која во бракот со Душан ги доби синовите Ѓорѓе (3) и Максим (5).
„Пријателките ме фалат. Ми велат дај облечи нешто пократко, а јас им возвраќам дека не можам бидејќи имам криви нозе. Потоа ми велат дај потк

Пронајдете не на следниве мрежи: