ПОРАДИ НЕГО ПУТИН СПИЕ МИРНО: Ова е Сатаната, најмоќното оружје во историјата на човештвото!

И Русија, како и САД, се потпира врз т.н. нуклеарна тријада. Тоа и самиот Путин го потврди кога рече дека нуклеарната тријада е основа на руската одбрана.Веќе напоменавме дека Русија ги стави своите сили во состојба на приправност.
„Сатана“ – гордост на руската нуклеарна тријада
Проектилот „Сатана“ е посебно инетересен. Веднаш по почетокот на украинската криза, руските медиуми ја актуелизираа приказната за ова оружје. Тие пишуваа дека во светот не постои толку моќно оружје, какво што е „Сатаната“ – руска интерконтинентална балистичка ракета, со вистинско име R-36M2 Војвода. Името „Сатана“ и го дал НАТО, кој ја нарекува ЅЅ-18 Satan III. За да се разбере колкава е разорната моќ на оваа бомба, тие ја споредија со нуклеарната бомба што беше фрлена на Хирошима.
Бомбата фрлена на Хирошима имаше сила од 15 килотони, а нејзината екплозија уби 70.000 луѓе. Една ракета R-36М2 носи до 10 боеви блокови, од кои секој има сила од 750 килотони. Некои од ракетите се опремени со боев моноблок, чија разорувачка сила изнесува дури 20.000 килотони!
„Сатаната“ тежи дури 209 тони, многу е прецизна и според тврдењата на Русите: може да допре до американските ракетни силоси.

Иако руската војска во процесот на модернизацијата ќе добие повеќе од 400 нови ракети во наредните 10 години, се чини дека „Сатаната“ нема да се пензионира барем до 2040 година. Русија веќе го развива наследникот на „Сатаната“ – Сармат, кој би требало да стане дел од нуклеарната тријада најдоцна до 2018 година.

Што се однесува на останатите два дела од тријадата, од руските подморници се закануваат балистичките проектили RU-29RMU2 Лајнер. 40 тонските и 15 метри тешките „чудовишта“ можат да носат 12 нуклеарни глави. Тие од неодамна се дел од нуклеарниот арсенал на Русија. Од воздушните сили, тука се легендарните тупољеви – суперсоничниот TU-22M и TU-160, како и стратешкиот бомбардер со долг домет TU-95.
Веќе напоменавме дека Русија ги стави

Пронајдете не на следниве мрежи: