ПОРАДИ ОВА ЌЕ ГИ „ШУТНЕТЕ“: Хороскопските знаци и нивните љубовни дефекти

Тешко е да се биде паметен кога е во прашање срцето. Сите грешиме особено кога ќе се заљубиме.Овен
Самодовербата на Овенот која на почетокот можеби му била привлечна на партнерот, со време станува големо оптеретување. Овните мораат да поработат на својот егоизам и да научат дека понекогаш и партнерот треба да го стават на прво место. Нивната брзоплетост често знае да претставува проблем во врската, бидејќи другите тешко можат да се справат со нивната лутина и бес.
Бик
Биковите кои се во долга врска, често веќе не внимаваат на себе. Се чувствуваат пријатно па не внимаваат на јадењето и пиењето воедно и на изгледот, што може да стане многу непривлечно. Некогаш се премногу мрзеливи за романтика и партнерот го земаат здраво за готово. Пречка во врската е и нивната тврдоглавост. Биковите се склони кон тоа долго да замеруваат за грешките и упорно да започнуваат исти кавги, што на секој со време му здосадува.
Близнаци
Близнаците се склони кон флерт па партнерот покрај нив може да се чувствува несигурно. Не оддаваат впечаток на стабилност и пожртвуваност, поради што саканата личност чувствува дека не може да се потпре на нив. Склоноста на чести промени на мислењата и расположението исто е нешто што на другите не им е привлечно, бидејќи никогаш не се знае кое од нивните многу лица ќе излезат на површина.

 
Рак
Раковите уште на почетокот од врската стануваат зависни од партнерот, а спомнување брак или живеење заедно во толку рана фаза од врската секој го преплашува. Кога се во врска, партнерот станува центар на нивниот свет, поради што често се чувствува дека Ракот го гуши. Уверлив е и чувствителен, па лесно може да се повреди. Не сака да започнува нови работи и да се впушта во нови активности па животот со него лесно може да премине во рутина.
Лав
Големото его на Лавот е нешто со што треба да знаете да се справите. Не е лесно да се живее со личност која ќе ве навредува за секоја ситница и која е спремна со денови да не му проговори на партнерот поради тоа што бил „навреден“. Самите себе си се на прво место, што со време станува голем проблем.  Не знаат да ја признаат грешката, а покрај тоа се склони и на флерт па често партнерот не им верува.
Девица
Срамежливите и повлечени Девици ретко ги откриваат своите емоции па нивниот партнер никогаш не знае што навистина чувствуваат. Животот со нив може да биде тежок бидејќи се премногу критични и секогаш на се, наоѓаат по некоја мана. Тежнеат по совршенство, но не сфаќаат дека треба да уживаат во мали, обични работи. Нивната опседнатост со чистина и здравје, исто така знае да биде напорна.

 
Вага
Љубовниот живот на вагата може да биде хаотичен бидејќи често одбира погрешни партнери. Кога се во врска, неодлучни се и постојано размислуваат дали тој партнер е вистинскиот за нив, а излудувачка е и нивната склоност кон флерт. Не сакаат расправии па го кажуваат тоа што партнерот сака да го чуе, што може да стане проблем, бидејќи искрената комуникација е темел на секоја успешна врска.
Скорпија
Скорпиите секогаш одат на се или ништо, па со нив не е лесно да сте во чекор. Во врска стануваат љубоморни и посесивни па често го гушат партнерот. Освен тоа таинствени се па саканата личност секогаш има чувство дека Скорпијата нешто крие и дека со него не е сосема искрена. Злопамтила се кои никогаш не простуваат, а мала расправија редовно ја претвораат во долга, полна со обвинувања.
Стрелец
Стрелците често се нечувствителни и невнимателнипа често го навредуваат партнерот, а за тоа не се свесни. Живеат за возбудување и акција, па се брзо им здосадува. Партнерот чувствува дека постојано мора да биде интересен, што може да создаде притисок. Тоа што е нивни најголем проблем во врска е потреба да имаат целосна слобода и само свој социјален живот, што на многу партнери не им одговара.

 
Јарец
Јарецот е отсутен и дистанциран додека не добие целосна доверба во партнерот, што е долготраен процес кој малку кој може да го дочека. Партнерот лесно се фрустрира бидејќи не ја знае вистинската природа на чувствата на Јарецот. Не е лесно да се живее со меланхолична личност која за се грижи, а неговиот песимизам се пренесува и на околината. Оптеретени се со работа, па животот со нив може да ви стане монотон.
Водолија
Потребата на Водолијата за слобода и индивидуалност може да биде исцрпувачка во врска па така партнерот понекогаш има чувство дека Водолијата секогаш е поважна од него. Богатиот социјален живот многу партнери ги прави љубоморни, а Водолијата тоа никако не може да го сфати. Саканата личност секогаш знае што водолијата мисли, но никогаш што чувствува, бидејќи избегнува да разговара за своите емоции.
Риби
Рибите живеат во свој свет и често го идеализираат партнерот, но нивните нереални очекувања не е возможно да ги задоволите. Често влегуваат во односи со личности кои не ги заслужуваат или одржуваат тајни врски. Обично имаат комплициран љубовен живот, а поради пожртвуваната природа подготвени се многу да истрпат, но партнерите често ги искористуваат и отфрлаат. Мораат да сфатат дека љубовта не е само давање, туку и примање. Овен
Самодовербата на Овенот која на почетокот можеби му била привлечна на партнерот, со време станува големо оптеретување

Пронајдете не на следниве мрежи: