Сансом играл за селекцијата на „Гордиот Албион“ во 86 наврати, од 1979-та до 1988-та година и во тој период настапувал на Мундијалите во Шпанија и во Мексико.Долгогодишниот стандарден член на Арсенал, кој играше фудбал 21 година, од кои 14 мина во најсилниот ранг, во интервју за британските медиуми изјави дека зависноста од алкохолот и коцкањето го довела до „питачки стап“.
„Бездомник сум веќе 10 дена и немам ниту пени. Алкохоличар сум и коцкар и не ми е добро. Живеам на улица“, вели тој и додава дека „не престанува да пие“.
53-годишниот Сансом во март се напил толку што колабирал на една улица во Лондон.
Неодамна се преселил во куќата на неговата сестра, пред да си замине и од таму упатувајќи се во непознат правец, иако Професионалното здружение на фудбалери и неговиот поранешен клуб, „Топџиите“, му понудиле помош.
Сансом професионалната кариера ја почнал во Критал Палас на 16 години и бил капитен на младата репрезентација на Англија, пред да стане еден од столбовите на одбраната на сениорскиот табор.
Осум години минал во Арсенал, каде што одиграл 394 натпревари, а врвот на неговата кариера било финалето на Лига купот во 1987-та година, која како капитен го кренал пехарот по победата над тогаш доминантниот Ливерпул.
Во Њукасл заминал во 1988-та, по што играл и за Квинс Парк ренџерс, Ковентри и за Евертон, пред да ја заврши кариерата во вторлигашките екипи Брентфорд и Вотфорд.
Оттогаш, Сансом работел во медиумите, а минал неколку програми за одвикнување од алкохолизам.
Меѓу познатите играчи кои банкротирале во последните 10-на години се Ерик Џемба Џемба, Ли Хендри, Селестин Бабајаро, Џејсон Јуел, Карл Корт и се уште активниот Јон Арне Рисе. Поранешниот бек на Ливерпул во меѓувреме успеа да застане на нозе, исто како и легендата на овој клуб од 80-те Џон Барнс.
republika.mkДолгогодишниот стандарден член на Арсенал, кој играше фудбал 21 година, од кои 14 мина во најсилниот ранг, во интервју за британските медиуми изјав
Поранешен фудбалер успеа да го потроши целото богатство и да банкротира






