Поранешната Плејбој зајачица проговори за своите сексуални искуства со Хју Хефнер.Поранешната Плејбој зајачица Кендра Вилкинсон нема проблеми со срамот и секогаш кажува се што ќе помисли. Така овој пат проговори за тоа како преку Плејбој вилата стигнала до слава.
Познатата русокоса проговори за сексуалните односи со 88-годишниот Хју Хефнер:
Ме замоли да станам една од неговите Плејбој зајачици. Не знаев за што точно се работи, но прифатив. Тогаш живеев во најмалиот и најгрдиот стан што постои и имав многу проблеми. Се молев некој да ме извлече оттаму, изјави Кендра.
Не знаев дека и сексот е вклучен. Тој само ќе прашаше „сакаш ли да одиме горе на катот“ и тоа беше тоа. Јас имав 18, а тој 78 години. Не бевме присилени да имаме секс со него, тоа беше наш избор, го опиша свото Плејбој искуство Кендра.
Инаку, Кендра денес има две деца и е мажена за спортистот Хенк Баскет.Поранешната Плејбој зајачица Кендра Вилкинсон нема проблеми со срамот и секогаш кажува се што ќе помисли. Така овој



