Откако Ивона Неговановиќ Цуца во неколку наврати беше фатена со скриена камера во прегратките на Шабан Шаулиќ и по отвореното писмо на Фејсбук, во кое признала во кого е вљубена, композиторот Раде Чокан реши да ја разоткрие.Чокан тврди дека пејачката се огласила на социјалната мрежа за да му го уништи бракот и дека намерно во јавноста ги мести скриените камери.
„Цуца е изреволтирана и тоа што го напиша на Фејсбук го направи во пијана состојба. Таа неодамна беше во Виена, каде што ме прогонуваше. Во истиот момент ја сместив во авион и ја пратив во Белград. Тогаш ги повика новинарите да ја снимат како оди кај Шабан во Крчедин. Го намести човекот за да ме направи љубоморен. Мислеше дека ќе ме испровоцира. Не ме интересира која е нејзината функција во животот на Шабан, бидејќи тоа не ме интересира. Гајле ми е и нема поради неа да ја оставам мојата жена, која беше упатена во сѐ што се случува“, рекол Чокан за „Ало.рс“, кој тврди дека го прекина секој контакт со Цуца.Чокан тврди дека пејачката се огласила на социјалната мрежа за да му го уништи бракот и дека намерно во јавноста ги мести скриените камери.



