Porsche ја отвори сезоната со победа во Daytona

Porsche ја започна натпреварувачката  сезона со победа на престижната трка 24 часа Daytona. Porsche ја започна натпреварувачката  сезона со победа на престижната трка 24 часа Daytona. Фабричкиот тим на Porsche победи во Флорида со моделот Porsche 911 RSR во многу конкурентната GTLM класа на спортски автомобили. Porsche е најуспешен производител во историјата на овие трки, а сега во книгата на рекорди запиша 76 победи во класата и 40 победи на моделот Porsche 911. Трката 24 часа Daytona е вовед во новиот шампионат Tudor United SportsCar за САД и Канада.
52-рото издание на трака 24 часа Daytona означува почеток на една нова ера за Porsche. На шампионатот Tudor United SportsCar тимот на Porsche за прв пат, на овие  северно американски трки, ќе настапи под знамето на новоформираниот тим „Porsche Северна Америка“. Првата трка беше целосно успешна за брендот.
Кога се зазори по долгата ноќ во Daytona, Porsche 911 RSR со стартен број 911 беше во водство а зад воланот во тој момент беше францускиот возач Patrick Pilet. Вториот 911 RSR тркачки автомобил со стартен број 912, беше управуван од  Patrick Long (САД), Michael Christensen (Данска) и Joerg Bergmeister (Германија). Тркачкиот автомобил со 470 КС е всушност седма генерација на легендарниот 911 спортски автомобил, а со своето деби минатата сезона оствари и брилијантна двојна победа на 24 часа Ле Ман во GTE – pro класата.
Волфганг Haц, член на одборот за истражување и развој во Porsche AG изјави: “Јас сум гледал многу 24 часовни трки, но оваа трка беше дефинитивно највозбудлива. Во последните кругови автомобилите беа многу блиску и се беше многу неизвесно. Но Патрик ја сочува својата присебност и ја однесе победата. Ова е голем успех за целиот тим.Porsche ја започна натпреварувачката  сезона со победа на престижната трка 24 часа Daytona. Фабричкиот тим на Porsche победи во Флорида со мод

Пронајдете не на следниве мрежи: