Порше ја покажа силуетата на новата Панамера

Откако објавија тизер кој го покажува задниот дел на новата Panamera, од Porsche ја продолжија серијата со дизајнерска скица на силуетата на следната генерација на моделот.Предниот спојлер и вентили се исполнети во стилот на 718 Boxster и 718 Cayman, додека обликот на задните светла потсетува на хибриднното комбе Panamera Sport Turismo од 2012 година.
Претходно, на интернет се појавија и шпионски фотографии од ентериерот на Panamera. Од нив се гледа дека целосно нови се централниот сензорен панел кој ќе ги отстрани повеќето копчиња, рачката на менувачот, копчињата околу него и воланот.
Во основата на моделот стои модулната платформа MSB на VW Group. Благодарение на неа, новиот модел ќе олесни со најмалку 90 кг.
Во палетата на мотори ќе фигурираат нови 6- и 8-цилиндрични бензински и дизел мотори.

Во бензинската палета ќе влезат 4,0-литарски битурбо V8, кој ќе го замени сегашниот 4,8-литарски „осмак“. Моќноста на новиот мотор во Panamera Turbo ќе е 550 КС и 770 Нм вртежен момент. При модификацијата, Turbo S параметрите ќе се зголемат на 600 КС и 810 Нм.
Дизел моторната палета ќе ја пополни 4,0-литарски V8 со три турбополначи (две стандардни турбини и едно електрично турбо), кое дебитираше во Audi SQ7. Кај него тој генерира 435 КС и 900 Нм вртежен момент.
Јавната премиера на Porsche Panamera ќе се одржи во салонот во Париз во октомври, но на интернет ќе се појави кон крајот на јуни.Предниот спојлер и вентили се исполнети во стилот на 718 Boxster и 718 Cayman, додека обликот на задните светла потсетува на хибриднното комбе Pana

Пронајдете не на следниве мрежи: