Порталите на опозицијата се скараа за парите од Сорос!

Порталите на опозицијата се скараа за парите од Сорос!Уредникот на порталот „Мактел“, Саше Ивановски-Политико, обвинува дека поради блискоста на Бранко Героски со Владимир Милчин, голем дел од финансиската помош од фондацијата „Сорос“ завршуваат во рацете на уредникот на весникот „Слободен печат“, пишува „Курир“.
Расправиите меѓу новинарските послушници на СДСМ за тоа кој подобро одработува за интересите на опозициската партија почнаа уште пред почетокот на кампањата.
Саше Ивановски-Политико ги прашува Героски и Милчин дали се свесни што зборуваат бидејќи, како што вели тој, тие биле „интергалактички копуци за политички маркетинг“.
Ивановски обвинува дека, за разлика од „Плусинфо“ кој добил 50.000 евра од Сорос, неговиот портал „Мактел“ добил само 2.500 евра. Тој смета дека тие пари можат да бидат искористени поефикасно.
– Тие пари можат да бидат искористени многу подобро и поефикасно. Импактот на пример на „Мактел“, кој доби само 2.500 евра, е речиси ист со импактот на „Плусинфо“, кој доби неверојатни 50.000 евра од Сорос. Тоа е 20 пати повеќе 8211; пишува Ивановски и додава дека Милчин „заедно со неговиот загар Геро има замислено дека СДСМ треба да дојде на власт без никаков маркетинг пристап и стратегија“,  смета Ивановски.Уредникот на порталот „Мактел“, Саше Ивановски-Политико, обвинува дека поради блискоста на Бранко Героски со Владимир Милчин, голем дел

Пронајдете не на следниве мрежи: