Порталот Think.mk се искачи високо на ранг листата на најчитани сајтови во Македонија!

Од денес Тhink.mk официјално може да се пофали дека е 14-ти сајт во Република Македонија. Се надеваме дека нашите колеги од порталот think.mk ги очекуваат уште многу успеси и причини за славење.Во продолжениe може да погледнете што think.mk објави за својот успех:
„Многу долго го чекавме моментот кога ќе застанеме гордо и ќе речеме: Успеавме! Нашиот проект наречен think.mk започна некаде во месец март во 2012 година, а официјално за јавноста со свој домен се појави на 25 јуни 2012 кога направивме интервју за факултети.мк за да се претставиме за тоа кои сме и што претставува овој проект. Годинава ја поминавме низ многу турбуленции, менувавме неколку тимови и сервери и паднавме во загуба од над илјада евра, но никогаш не се откажавме!
Ние верувавме во себе и во она на што сме спремни иако добивавме доста негативни критики, но имаше и многу позитивни. На нашиот прв родеден на 25 јуни 2013 година на читателите им поделивме 5 маици и им се заблагодаривме за нивните посети и споделувања. Тогаш ги добивме првите сретства од банерите од туристичките агенции и од тогаш почнавме да се движиме во нагорна линија! Се редеа успеси и договори со еден куп агенции и луѓе кои го водат најголемиот маркетинг бизнис во Македонија.
Но некако чекавме потврда, доказ за да речеме дека ние не сме повеќе мали, нашиот проект е голем и ние имаме намера да раснеме многу повеќе. Денес е денот кога конечно ги добивме тие докази и кој ќе го запишеме во историјата на think.mk. Денес после толку време жалење дека нè мрази Алекса, конечно добивме потврда од овој глобален и реноминиран сервис за мерење посети дека ние сме во ПРВИТЕ 14 САЈТОВИ ВО МАКЕДОНИЈА!“

Во продолжениe може да погледнете што think.mk објави за својот успех:
„Мно

Пронајдете не на следниве мрежи: