Многу луѓе сакаат да објавуваат фотографии од храна на социјалните мрежи, но научниците велат дека тоа не е добро за оние кои сакаат да уживаат во неа.Новото истражување покажало дека прикачувањето на фотографии со сочни и вкусни јадења го смалува вистинското доживување и вистинскиот вкус на храната. Научниците заклучуваат дека претераното излагање на сликите со храна го зголемува нашето чувство на заситеност, како видената храна веќе да сме ја јаделе.
Во студијата учествувале 232 испитаници кои ја гледале фотографијата со храна и давале свои оцени на вкусот на храната на самиот крај. Додека 60 испитаници јаделе храна како што се слатки и колачи, 60 од нив јаделе солена храна – грицки. Потоа сите заедно јаделе кикирики, но групата која веќе јадела од солената храна, помалку уживала во кикириките од оние кои јаделе благо.
Иако ова не изгледа како прилично добра вест, сепак би можела да помогне во проблемите со храната па оние кои сакаат да слабеат можат тоа да го искористат како поттик да ја намалат желбата за непожелните намирници. Новото истражување покажало дека прикачувањето на фотографии со сочни и вкусни јадења го смалува вистинското доживување и вистинскиот вкус на храна



