ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД ГОДИНА ДЕНА: Откриена вистината за концертот на Карлеуша на Ушче!

По повеќе од година дена од одржувањето, откриена е вистината за концертот на Јелена Карлеуша на Ушче. Во една телевизиска емисија, се огласил главниот организатор на нејзиниот настап во Белград, Рака Мариќ, како и главниот уредник на весникот „Афера“, Предраг Јеремиќ.Тие ги откриле фактите за концертот. Рака Мариќ во емисијата ја открил строго чуваната тајна дека за концертот биле продадени повеќе од 25.000 влезници, а на самиот ден биле продадени и поделени повеќе од 15.000 карти. Со тоа ги демантирал сите оние кои го нарекле концертот на Јелена Карлеуша празен.
На неговата приказна се надоврзал и Јеремиќ кој открил дека новинарите и медиумите биле платени за да водат антикампања против неа.
Систематската хајка со намера да се уништи името и кариерата на Јелена Карлеуша ја чинеше многу. По медиумскиот линч и објавените лаги, Карлеуша прво ги тужеше сите медиуми, а потоа се повлече во еден вид на медиумска илегала разочарана и скршена. Од претрпениот стрес во јануари го изгубила и бебето и го одложува враќањето на сцената.
Иако нудеше 100.000 евра на некој кој ќе објави фотографија од празното Ушче, до денеска ниту еден медиум кој тврдеше дека концертот бил празен, не објави никаков доказ во вид на фотографија за да ги потврдат нивните тврдења. Кој и зошто сакаше да и ја уништи кариерата, а и животот, останува да се дознае во иднина.
По овој повод се огласи и самата Јелена…Погледнете што изјави таа за сето ова!

 

„Тешко ми е да зборувам за тоа. Доживеав стршна неправда и никој не сакаше да ми помогне и да ме заштити. Иако фотографиите и снимките кажуваа едно, нацијата за жал поверува во она што поголемиот дел од медиумите го објавија без никаков доказ. Едно е сигурно, јас повеќе нема да бидам истата. Се разочарав од мојата земја. Како е можно цела Србија да го гледа медиумскиот линч на една жена и дека никој не пројави човечност за да ми помогне или да каже нешто. Затоа јас прва го кревам гласот против секоја неправда бидејќи почувствував на своја кожа. Сите тужби кои ги добив не можат да го надокнадат она што го преживеав. Не му го посакувам тоа никому. Секако, борците како мене секогаш стануваат и никогаш не се откажуваат“, изјавила Карлеуша.Тие ги откриле фактите за концертот. Рака Мариќ во емисијата ја открил строго чуваната тајна дека за концертот биле продадени повеќе од 25.000 влез

Пронајдете не на следниве мрежи: