Последна фотографија од храброто момче кое спасило 3 деца кои се давеле!

По само неколку минути откако позирал за спомен од излетот со пријателите Чанг Чанг и покрај тоа што не знаело да плива, момчето се решило на херојски чекор и рипнало во езерото за да извлече три деца кои се давеле. Нив ги спасил, но тој за жал не успеал да се извлече, пренесува Дејли меил.
Ванг Каиха (11) и неговите помали братчиња на возраст од 4 и 6 години дошле исто така на излет со нивната баба на едно од езерата во провинцијата Хенан. Влегле да се разладат во езерото и почнале да се дават, а во неволја била и нивната сестра која притрчала да им помогне. Во тој момент Чанг ги слушнал нивните молби за помош и без размислување влетал во водата за да ги извлече децата. Кога се вратил во водата по третото дете, наишол друг локален жител кој исто така влегол во езерото за да му помогне.
„Ми го подаде некако најстарото момче кое го извлеков на брегот. Кога се свртев повторно назад него едноставно го немаше. Нешто подоцна успеавме да го најдеме и да го извлечеме од водата, но за жал веќе беше мртов. Не можевме да му го спасиме и нему животот“, изјавил Ван Сун.
Таткото на Чанг, Линг Ву вели дека оваа постапка била типична за неговиот син.
Извор: kanal5.mkНив ги спасил, но тој за жал не успеал да се извлече, пренесува Дејли меил.
Ванг Каиха (11) и неговите помали братчиња на возраст од 4 и 6

Пронајдете не на следниве мрежи: