Последните зборови на убиениот полицаец во Куманово

Горан Станишевски од Kуманово е полицаецот кој завчера вечерта беше убиен со нож од насилник кај кого отишил да интервенира поради семејно насилство во кумановската ромска населба Средорек. Како што информираат од МВР, Станишевски, кој бил вработен во СВР Kуманово, завчера вечерта заедно со уште тројца колеги отишле по претходна пријава за семејно насилство во куќата на Енвер Бајрамовски (33), кој со нож го прободел во грбот и го усмртил.
Најпрвин двајца полицајци заминале во болницата каде што биле згрижени мајката и ќерката и по разговорот со нив било утврдено дека станува збор за насилник со нарушено психичко здравје. Бидејќи станувало збор за агресивно лице, на местото на настанот била испратена уште една група за интервенција од двајца полицајци меѓу кои бил и Станишевски. Таму биле пречекани од таткото на насилникот, кој кажал дека неговиот син е дома, дека е агресивен и оти го нападнал семејството.
Полицајците влегле внатре, но поради тесниот пристап до влезот прв бил полицаецот Станишевски, а по него другите тројца полицајци. Kога влегле во собата, насилникот замавнал со стаклен предмет кон нив, но никого не повредил. Тогаш полицаецот Станишковски забележал дека има нож во рацете и им рекол на колегите да се повлечат. Додека излегувале полицаецот Станишковски им рекол на колегите дека најверојатно е повреден со нож и оти има крв на грбот.
Станишковски порано работел во АРМ, па во специјалната единица „Алфа“, а од неодамна во екипата за брза интервенција во СВР Kуманово. Неговите колеги велат дека бил голем човек и врвен професионалец.
Нека почива во мир. Како што информираат од МВР, Станишевски, кој бил вработен во СВР Kуманово, завчера вечерта заедно со уште тројца колеги отишле по претх

Пронајдете не на следниве мрежи: