Владата на Република Македонија и индиската групација БРГ денеска во Велес потпишаа договор за реализација на инвестиција во која ќе биде рестартирана поранешна „Порцеланка“.Инвестицијата е вредна околу 31 милион евра, а планирани се илјада нови вработувања што ќе бидат реализирани низ повеќегодишен план.
На потпишувањето на договорот во Велес присуствуваше и премиерот Никола Груевски.
Тој истакна дека групацијата БРГ е една од најголемите и најбрзорастечки светски компании во производството на производи од челик и оти со влезот на оваа компанија во Македонија ќе се врати во живот „Порцеланка“.
– Новата фабрика ќе биде лоцирана во објектите на поранешна Порцеланка. Ова инвестиција е резултат на нашите заложби да вратиме во живот колку што можеме повеќе од фабриките кои згаснаа во времето на транзицијата. Тоа е исклучителен важен период од нашата историја која остави без работа илјадници граѓани ширум нашата држава и стави клуч на многу фабрики низ Македонија. Велес беше особено погоден во времето кога се затвораа фабриките, а една од нив беше и поранешната Порцеланка, истакна Груевски.
Тој посочи дека индиската компанија ја посетил во јануари минатата година за време на економското роуд шоу во Индија и оти тогаш, на средбата со претставници од компанијата, како што рече, им влеале доверба дека Македонија е вистинското место за нивната инвестиција.
– Следуваа долги преговори за многу детали бидејќи Порцеланка беше исклучително заплеткан случај. Сето тоа резултира со тоа што Порцеланка доби нов сопственик, многу силна моќна компанија која ќе инвестира и ќе ја врати во живот, ќе донесе нова опрема, нови машини, ново знаење и ќе вработи 1000 невработени луѓе од Велес и велешкиот регион, рече Груевски, додавајќи дека првиот контакт со компанијата го направил амбасадорот Тони Атанасовски кој бил економски промотор во Индија.
Групацијата БРГ во рестартираната поранешна фабрика „Порцеланка“ ќе изработува производи од челик и кујнски прибор од нерѓосувачки челик.Инвестицијата е вредна околу 31 милион евра, а планирани се илјада нови вработувања што ќе бидат реализирани низ повеќегодишен план.
На пот