Потписот на Трамп открива многу за неговиот карактер – Прочитајте!

Со победа на неодамна одржаните претседателски избори Доналд Трамп стана еден од најмоќните личности на светот. Со самото тоа контраверзниот политичар поседува еден од најсилните потписи, за кој експертите тврдат дека може многу да открие за него.Трејси Трусел од Британскиот институт на графолози анализирала што зборува потписот на човекот кој од јануари ќе влезе во Белата куќа.
-Неговиот потпис оддава динамичност, храброст и неустрашивост. Гладен е за моќ, решителен и тврдоглав – смета Трусел.
Тврди дека стилот на Трамповиот потпис укажува на тоа дека тој и покрај насилниот карактер, има и заштитнички став, посебно кога се работи за неговото семејство.
Експертот по графологија наведува дека Трамп не сака да биде оној што слуша, бидејќи се работи за личност која несомнено е тежок преговарач.
-Трамп е исклучително сигурен во себе, што особено е видливо во неговите досегашни политички настапи. Во тоа би ги вброила и неговите најави за градба на ѕид меѓу Мексико и САД, воведување забрана за влез на муслимани во САД, како и најавата дека Хилари Клинтон може да заврши во затвор – нагласува Трусел.
Истакнува дека високите и долги букви во потписот на Трамп укажуваат на тоа дека тој и не е толку нефлексибилен како што мислат луѓето.
-Светот ќе мора да причека да се увери во тоа – порача Трусел.Трејси Трусел од Британскиот институт на графолози анализирала што зборува потписот на човекот кој од јануари ќе влезе во Белата куќа.
-Нег

Пронајдете не на следниве мрежи: