Потполно искрено: Еве што вели чуената Саманта за сексот!

Чуената „Саманта“ од серијата „Сексот и градот“, актерката Ким Катрал (58) во кратки црти пишува за мажите, стареењето во Холивуд и зошто е среќна иако нема деца.„Одам секаде и сум многу прилагодлива, се додека со себе не ја понесам својата мачка. Коби е исто така прилагодлива, иако има 17 години. До сега патувала во Ливерпул, Чичестер, Лондон, Ванкувер и Лос Анџелес. Морам да ја поведам или ми прави проблеми.И понатаму се врзува за луѓе кои не сакаат да имаат деца.„Но, слушајте: не милсам дека постои дете кое им се заблагодарува на своите родители на пелените кои му ги промениле. Иако отсекогаш мислев дека ќе имам семејство, имав други начини да го канализирам мајчинскиот инстинкт и мислам дека младите луѓе можат да се поврзат со мене, затоа што поинаку живеам од нивните родители.Со корените сум поврзана за пацифичкиот северозапад. Купив куќа на остров и магично е. Кога се преселив овде, мислев дека ќе морам да се вратам во Њујорк поради криците на морските лавови. Сега ме успиваат.Не сакав да ја играм Саманта во „Сексот и градот“. Тогаш имав 41 година и помислив: О не, не можам повторно да играм фатална жена“.Сега ми се чини дека личностите кои имаат 40 години се многу млади. 50-те се нови 40-ти. Поради тоа моите 20-ти делуваат како праисторија.

Менопаузата беше отрезнување. Многумина за тој период зборуваат негативно, но јас го видов тоа како почеток на нова фаза- конечно поглавје. Се прашував: Што да правам со следните 30- 40 години и со кого?“Холивуд се уште не знае како да се носи со проблемите кои ги погодуваат постарите жени. Не се гледам себе си во повеќето филмови или серии кои се прават, дури ни во реклами. И понатаму сметам дека најдобрите улоги се театарските.
Сите мажи со кои сум била имаа пријатен изглед. Но за мене, сексот почнува од главата. Она што се случува под, не прави да сакам да подеувам никого- тоа е обично некоја ситница, или смисла за хумор.Сите во моето семејство се многу студиозни, додека јас бев дете кое сака да оди по своите чекори. Мислам дека никој не беше изненаден кога реков дека сакам да глумам.Мојата работа е веројатно причина поради која имам три пропаднати брака. Иако многу ги сакав тие мажи, мислам дека не ја зедов в предвид природата на мојата вистинска љубов. Освен првиот пат: тогаш бев премлада, а на моето момче му беше потребна зелена карта“, напишала секси Саманта во писмото.„Одам секаде и сум многу прилагодлива, се додека со себе не ја понесам својата мачка. Коби е исто така прилагодлива, иако има 17 години. До с

Пронајдете не на следниве мрежи: