Потресна исповед на Цеца за убиството на Аркан: „Му течеше крв од окото, забите му беа скршени…“

Полицијата дошла веднаш на лице место, но не и Брзата помош. Цеца и Лидија  биле цели во солзи, го влечеле Аркан до излезот од хотелот….„Видов крв на левото око на Жељко, кое беше затворено. Забите му беа скршени, а кога го затресов започна да кашла и да плука крв од устата“, раскажува Цеца за српските медиуми.
Минаа 16 години, а убиството на Жељко Ражнатовиќ – Аркан и понатаму еднакво ја интригира јавноста. Кој е вистинскиот нарачател за убиството – се уште не се знае. Тој 15. Јаунари 2000 година пред хотелот „Интерконтинентал“, околу 17 часот застанале два автомобили. Од Опел Калибрата излегле Драган Николиќ – Гаги и Милан Ѓуриќиќ – Мики кои од порано биле познати на полицијата. Од другото возило излегол и Зоран Николиќ – Пегла, како и приправникот на Втората чета на Првиот батаљон на полициската бригада СУП – Белград, Добрисав Гавариќ.
Пегла останал на паркингот, додека овие тројца влегле во ходникот подготвувајќи да започне тројното убиство.
Во хотелот била голема гужва, Аркан седел на сепарето недалеку од рецепцијата…

 
Во хотелот дошол со сопругата Светлана Цеца Ражнатовиќ, нејзината сестра Лидија Величковиќ и телохранителот Ѕвонко Матовиќ. Додека сестрите шетале низ продавниците, Аркан седел во холот на сепарето.
По неколку минути по 17 часот му се доближиле Гаги и Мики. Се ракувале со Аркан, се бакнале со Мандом и тргнале кон скалите кои воделе до хотелските сали за свадба. Гавриќ седел на друго сепаре, неколку метри зад Аркан.
Минута подоцна, Гавриќ станал од столот, од капутот извадил пиштол и  испукал во Аркан. На подот паднале чаурите, чаши, шишиња, а гостите бегале на сите страни.
Полицијата дошла веднаш на лице место, но не и Брзата помош. Цеца и Лидија  биле цели во солзи, го влечеле Аркан до излезот од хотелот. Цеца се обидела да го наговори полицаецот со службено возило да го однесе Аркан до болница. Тој ја одбил бидејќи немал дозвола од претпоставениот. Потоа успеале да пронајдат возило и Аркан бил пренесен до Ургентниот центар каде таму е прогласен за мртов.„Видов крв на левото око на Жељко, кое беше затворено. Забите му беа скршени, а кога го затресов започна да кашла и да плука крв од устата&ld

Пронајдете не на следниве мрежи: