Потресна приказна за човекот кој преживеа пад на земјата без отворен падобран

Хасан Омеровиќ е човекот кој го живее својот втор живот откако очи во очи се сретнал со смртта, по падот на земјата без отворен падобран.
Омеровиќ избегнал смрт откако паднал на бетон од висина од 2.650 метри, движејќи се со брзина од 120 километри.
Хасан Омеровиќ (52) од Ниш бил дел од 63-тата Падобранска бригада. За време на скокот кој го изведувал со нови воени падобрани на 15 декември 1990-та година, му откажале главната и помошната купола.
На висина од 2.650 метри и движејќи се со брзина од 120 километри на час, тој паднал на крошна, а потоа на игралиште кај аеродромот во Ниш. Омеровиќ преживеал но се здобил со 17 скршеници и 30 отсто од неговото тело било прогласено за неподвижно и нефункционално. Тој требал да отиде во пензија, но одбил на тој начин да ја заврши својата кариера.
Следните неколку години по несреќата му биле навистина тешки и никогаш не ни сонувал дека ќе преживее нешто такво. По војните случувања во поранешна Југославија, тој морал да ја напушти познатата 63-та воздушна бригада и до ден денес тој е надвор од работа и нема пензија. Само четири месеци по несреќата која речиси со едната нога стапнал два метра под земја, тој се вратил. Со падобранците од Ниш, три години ги поминал најжестоките места за време на војната во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина, кои му донеле и медал за храброст. Хасан Омеровиќ бил унапреден во офицер, но одлуката никогаш не била спроведена. „По враќањето во Ниш 1993 година, јас бев принуден да поднесам барање да ја напуштам елитната бригада поради високиот притисок на некои безбедносни офицери, само затоа што сум од друга религија“, вели Хасан за “Новости”
Хасан Омеровиќ секоја година слави два родендена – денот кога се родил и денот кога повторно се родил откако паднал на бетон на земјата и преживеал. Денес и по 22 години луѓето сеуште се прашуваат – „Како е тоа воопшто можно“? „На околу 1.500 метри, ние формиравме “Црвена ѕвезда”, која за нас, кои сме веќе проверени падобранци беше само рутинска проверка“, раскажува Омеровиќ.
На висина од 750 метри, Омеровиќ го отворил главниот падобран. Со воздух се полнеле само две и пол комори. Тој беше на височина од 500 метри, и на земјата и се приближувал со неверојатна брзина. Тој се обидел да го одвлекува вниманиетона краевите на куполата, но не успеал. Му преостанало да го активира само помошниот падобран.  Сепак, пред тоа беше потребно да се одбие главната купола.„На последната надеж да преживеам беше резервниот падобран. Јас ја повлеков рачката и со поглед, полн со надеж, чекав да се отвори. Но, за жал, најлошто се случи. За дел од секунда куполата на главниот и резервниот падобрани беа мртви. Во моментот на слабост, кога се соочив со смртта, ми потекоа солзи“, додава преживеаниот Омеровиќ. 
Доколку сакате да ги погледнете фотографиите од животот и страста кон падобранството на Хасан Омеровиќ одете на неговиот Фејсбук профил на следниот линк.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Хасан Омеровиќ е човекот кој го живее својот втор живот откако очи во очи се сретнал со смртта, по падот на земјата бе

Пронајдете не на следниве мрежи: