Потресно писмо за тројцата загинати Штипјани

Штипјанецот Зоран Илиев, кој беше победник на 26-тото издание на „Макфест“, напиша писмо посветено на загинатите момчиња од Штип, кое предизвикува солзи во очите на секој оној кој ќе го прочита.
Во чест на тројцата штипјани, Стефан Николов (22), Бојан Бочварски (25) и Јани Димитриев (18), кои трагично загинаа во сообраќајна несреќа кај селото Петровец, на патниот правец Скопје – Велес, младиот Илиев ја постираше оваа порака на својот Фејсбук.
„Сакав да напишам одма кога дознав за трагедијата што ја претрпе овој наш град но неможев немав сила…..сега некако собрав, сакам да споделам со вас…..бевме многу мали….нашиот клас беше единствениот клас со повеке машки од колку женски….меѓу нив беше и Бојан Бочварски……ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАШИОТ КЛАС…….сакам да споделам неколку моменти што поминавме со него…од секогаш беше дете со посебна харизма…многу паметен , интелегентен, од мали нозе го сакаа девојките….бевме 4-то 5-то одд.. не се секавам точно….се одржуваше општински натпревар во фудбал….Бојан ми пријде и ми кажа..ИЛИЕВ ТИ МОРА ДА ИГРАШ ЗА НАС ТИ СИ НАЈДОБАР ВО НАШОТ КЛАС……за момент почувствував среќа бидејки тогашниот претседател ми кажа дека сум најдобар во фудбал….ејј луѓе неизмерна среќа…претседателот да ти каже дека си најдобар…..секако дека го прифатив неговото барање ги одигравме наптреварите не се сеќавам кое место сме земале но секогаш бевме мегу најдобрите……..поминавме многу години дружејки се ,сите заедно…. во 5-то одд. чекавме нова година кај Дејан Мицанов, бевме околу 12-13 машки…..кога стигнавме кај него , одма се пофаливме кој колку петарди има во него… во тоа време најголем фраер беше тој што има најмногу петарди :DDD Се секавам дека Бојан имаше петарди што се вртат и светат во неколку бои…едноставно подсвесно му завидувавме за петардите 😀 😀 Созревавме со годините….растевме, поминавме толку многу убави моменти играјки фудбал, трчејки…….пораснавме веќе сме во години во кој имаме многу случки со кој можеме да бидеме горди на тоа што сме поминале до сега….последен пат си пишавме на фб пред година и пол две….Бојан тогаш на шала ми пиша дека ме додадел на фб за пријател бидејки му било мило што ме познава бидејки тогаш само што заврши Макфест….дури ме зафркаваше дека во основно се срамев да пеам а сега сум станал пеач :DDD ее пријателе мој јас бев и ке бидам секогаш горд што те познавав,едноставно ти си личност што знаеше да живее , никогаш не знаеше да одмине некој….на шала се викавме ТОЧОК…секогаш кога ке пиевме кафе или ке се сретневме случајно во градот си одвикнувавме ..еејј точок кај си што правиш……пријателе мој, те испративме на место каде што не заслужуваш да бидеш….оваа наша чаршија плаче за сите вас, сите невини души што загинаа на ваков болен начин…….
ЗА СТЕФАН……случајно го запознав преку мојата девојка…кога завршија средно го гледам истото дете со мене на факултетот..јас се запишав факултет три години од како завршив средно…повторно го видов Стефан таму..се спријателивме толку многу што многу пати мојата девојка го зафркаваше него дека повеке живеел со мене од колку со неа а таа не запознала :DD секојдневно не носеше на факлтет мене и неколку други колеги, секојдневно се смеевме на цел глас… Стефан имаше толку многу ЗАРАЗНА насмевка.. и да си најтажен на светот кога ке го слушнеш како се смее нема шанси да не се развеселиш….стигнавме трета година..апсолвенти….ден пред големата трагедија се срекавам со Стефан во еден кафич…. се гушнавме се поздравивме… ме праша , брат кога ке се сликаме нели апсолвенти сме и ние … му кажав , ајде брат ке ти ѕвонам во понеделник ке одиме заедно……се случи тоа што се случи….не се сликавме ….но знај КОЛЕГА секогаш ние колегите ке те паметиме по добро , секогаш ке бидеш нашиот колега со највеселата фаца и најинтересната насмевка…почивај во мир !!!!!!
За Јани…..те познавав малку, мислам дека имаше добра душа , познавајќи ги твоите другри повеке сигурно си бил и ти како нив….тажно пријателе, тажно за сите вас другари мој….
ЧУВАЈТЕ СЕ ТАМУ ГОРЕ , РАЈОТ Е ВАШЕТО МЕСТО СЕГА….“Штипјанецот Зоран Илиев, кој беше победник на 26-тото издание на „Макфест“, напиша писмо посветено на заги

Пронајдете не на следниве мрежи: