Потврдено: ФИФА го лажирала гласањето за Златна топка!

На повидок е голем скандал и тоа повторно врзан за изборот на наградата Златна топка. Имено, како што прво скандинавските медиуми пренесоа, селекторите на репрезентациите на Боливија, Албанија, Екваторијална Гвинеја, Домениканска Република, Кувајт, Фиџи и Вануату се жалеле дека нивните гласови за добитник на Златната топка се изменети.
Ова го потврди и бразилскиот стручњак Јорван Виеира, селектор на Кувајт:
„Мислам дека е ова некое недоразбирање, да не речам измама, иако „измама“ за ова е вистинскиот термин. Објавено е дека јас сум гласал за Лионел Меси, а не сум, бидејќи својот глас го дадов за Златан Ибрахимовиќ“ – тврди селекторот на Кувајт.

Дека гласовите се изменети, потврди и селекторот на Фиџи, Хуан Карлос Бузети.
„Видов на ФИФА страницата дека сум гласал прво за Роналдо, па за Рибери и на крај за Роберт Левандовски. Меѓутоа тоа не е вистина. Нигде не сум го ни споменал Левандовски. Моите гласови одеа вака: Роналдо, Меси, Рибери. Некој го избришал Меси од моето гласање“.
И селекторот на Албанија Џовани Ди Биаси тврди дека гласовите му се променети.
„Дадов пет бодови на Роналдо, три на Меси и еден на Ибрахимовиќ. Сепак, тоа не е така објавено на ФИФА. Ова е ужасно и не знам што се случува“.
Како ФИФА ќе одговори на овие обвиненија за лажирање на гласовите, ќе дознаеме наскоро. Имено, како што прво скандинавските медиуми пренесоа, селекторите на репрезентациите на Боливија, Албанија, Екваторијална Гвинеја, Домениканска Реп

Пронајдете не на следниве мрежи: