Повеќе алуминиум за следниот Mercedes C-Class

Седанот Mercedes-Benz C-Class сѐ уште не е подложен на дотерување, но компанијата од Штутгарт веќе работи на следната генерација на моделот.Според Automotive News, раководството на брендот планира да го направи возилото максимално лесно. Како причина за тоа се новите барања за екологија, со кои се принудени да се справат производителите.
За да се постигне такво нешто, во Mercedes-Benz планираат да ја зголемат употребата на алуминиум во конструкцијата на возилото. Во компанијата веќе развиваат неколку нови технолошки методи за поврзување на челик и алуминиум со користење на ласер и се инвестираат сериозни средства во овие случувања.
Во компанијата се принудени да ги менуваат процесите на производство, бидејќи барањата за околината влијаат не само на готовите автомобили, туку и во фабриките во кои тие се произведуваат. Од 2014 година, Mercedes-Benz потроши 1,3 милијарди долари само за модернизација на фабриката во Алабама, каде што во моментов се составува C-Class.
Сѐ уште не е јасно кога ќе биде претставена следната генерација на седанот. Неодамна, шефот на американската филијала на марката Џејсон Хаф, најави дека тоа најверојатно ќе се случи во 2020 година.Според Automotive News, раководството на брендот планира да го направи возилото максимално лесно. Како причина за тоа се новите барања за екологија

Пронајдете не на следниве мрежи: