Еден работник од погребално бил уапсен во државата Вашингтон, откако полицијата рече дека тој лажел дека е пензиониран полицаец преку две децении и дека неодамна интервенирал во борба.Властите почнаа да се сомневаат во Џим Бејли уште минатиот месец, откако тој се обидел да прекине караница помеѓу еден пар во автомобил, идентификувајќи се себеси како пензиониран полицаец и кажувајќи им на сведоците да се јават на 911, изјави главниот шеф на полициската станица во Оук Харбор, Едгар Грин.
Истрагата потврди дека 69-годишниот Бејли глумел дека е пензиониран полицаец повеќе од 20 години, рече шефот. Лажното претставување како полицаец е сериозен прекршок во Вашингтон.
„Ние сме многу горди на она што го работиме и работиме многу напорно“, вели Грин. „Затоа е вознемирувачко кога ќе се најде некој кој нашата работа ја зема здраво за готово и се прави дека е еден од нас“, додаде тој.
Инаку, Бејли поминал неколку години работејќи како резервен полицаец во Оук Харбор, но не дипломирал на полициската академија, ниту пак станал полицаец.Властите почнаа да се сомневаат во Џим Бејли уште минатиот месец, откако тој се обидел да прекине караница помеѓу еден пар во автомобил, идентифику