четврток, 26 ноември 2026
Најново

Пожар од страшни размери му се заканува на Лос Анџелес

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Неколку илјади калифорниски пожарникари деновиве се борат со пожари северно од Лос Анџелес каде што властите наредија евакуација на жителите од неколку квартови.Жителите на населбите помеѓу Малхоленд Драјв на северот и Сансет Булевар на југот добиле наредба за евакуација, соопштија од противпожарните служби. Во средата наутро пожарот уништил 20 хектари вегетација и се уште не е ставен под контрола. Музејот „Гети“ и кампусот на Универзитетот од Лос Анџелес се наоѓаат во близина на зоните на пожарот.
Денес градот се задушува во густ чад откако гигантски пожар изби во понеделникот во округот Вентура, северно од Лос Анџелес. Помогнат со силниот ветер, пожарот сега зафатил дури 26 илјади хектари, претставува закана за 12 илјади објекти и поради пожарот биле евакуирани 27 илјади лица.
 
Претседателот на САД, Доналд Трамп преку својот профил на социјалната мрежа Твитер се огласи и испрати порака со поддршка за жителите, а од Агенцијата за управување со итни случаеви (FEMA) навеле дека се деблокирани средствата за помош на службите.
 
Жителите на населбите помеѓу Малхоленд Драјв на северот и Сансет Булевар на југот добиле наредба за евакуација, соопштија од противпожарните

Поврзани вести