Пожарите во околината Сплит ги гаснат 384 пожарникари

На подрачјата зафатени од пожарите околу Сплит се разпоредени 384 пожарникари со 102 пожарникарски возила од 21 станица, а до седум часот полетаа три канадери, соопшти Жупанискиот противпожарникарен оперативен центар во Сплит.И покрај бројните пожарникари, сезонци, војници и граѓани, пожарите во Сплит и во околината од синоќа ги гаснат и припадниците на навивачката група Торцида, а од денеска ќе им се придружат и навивачите од Загреб, Ријека и од Осијек.
Ветерот престана да дува и се претпоставува дека во текот на денешниот ден огнот би можел да биде ставен под контрола.

Небото над Сплит се уште е сиво, а во воздухот има прилично пепел поради што отежнато се дише.
Според првичните процени во пожарите на потегот од Омиш до Сплит изгореле 4.500 хектари густа борова и ниско стеблеста шума, трева и маслинови насади, а пожарникарите примиле над 5.000 повици од вознемирени граѓани.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на вонредна владина седница утрово посочи дека можно е Загреб да побара меѓународна помош за справување со огнената стихија.
 И покрај бројните пожарникари, сезонци, војници и граѓани, пожарите во Сплит и во околината од синоќа ги гаснат и припадниците на навивачката

Пронајдете не на следниве мрежи: