Пожарникар води 15-годишна битка за живот: Ова е неговото најново трансплантирано лице!

Пожарникарот Патрик Хардисон, кој ја претрпе првата и сеопфатна трансплантација на лице, одржа прес-конференција една година откако завршија сите реконструктивни операции, објави „Дејли мејл“.Хардисон веќе може да гледа, слуша и да се храни нормално, освен тоа косата му пораснала целосно и сето тоа му дава голема надеж за иднината.
42-годишниот маж беше тешко повреден во 2001 година, кога врз него се сруши зграда.
„Ако треба да го направам тоа пак, ќе го направам без да размислувам. И тоа за да му помогнам дури на еден човек, на некој ветеран на пример, бидејќи секој ден 22 ветерани посегнуваат по животот, а 80% од луѓето со повреди по лицето се самоубиваат. Значи повторно да имам коса, да можам да зборувам, е нешто неверојатно“ – изјави тој пред медиумите.

Пластичниот хирург Едуардо Родригез потсети дека Хардисон претрпе 71 операција за реконструкција на лицето.
„Важно е светот да сфати дека тоа е третото лице со кое Патрик живее – она со коешто е роден, она што го има по повредата и новото негово лице. Сиот овој процес бара адаптација. Тој покажа голема сила и е извонреден човек како карактер“ – истакна Родригез.Хардисон веќе може да гледа, слуша и да се храни нормално, освен тоа косата му пораснала целосно и сето тоа му дава голема надеж за иднината.

Пронајдете не на следниве мрежи: