Ѕвездата на филмовите „Мамурлак“ и „Во добро и во зло“, пред месец дена ја прекина врската со манекенката Суки Вотерхаус, а според тврдењата на холивудските извори, веќе има нова девојка.Ако им се верува на информациите на американските таблоиди, Бредли Купер (40) веќе си најде утеха и тоа во занесната Ирина Шајк, поранешната девојка на Кристијано Роналдо.
Холивудскиот заводник и руската убавица биле видени заедно во еден ресторан, како и на претставата „Finding Neverland“ на Бродвеј, а добро упатени извори откриле дека тие биле многу блиски, објави „Е!“.
Ирина и Бредли неколку пати претходно биле видени заедно во друштво на пријателите, па тоа веднаш ги покрена шпекулациите дека тие се пар.
Да потсетиме, Ирина (29) ја прекина петгодишната врска со португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо.
„Иако мислев дека го пронајдов идеалниот маж, испадна дека реалноста е сосема поинаква. Кога жената покрај себе го има погрешниот маж, таа се чувствува грдо, а јас се чувствував грдо и несигурно. Двајца луѓе кои се во врска, би требало да ги делат истите вредности и животни погледи, како и да веруваат во моногамија“, рекла убавата Русинка.
Ако им се верува на информациите на американските таблоиди, Бредли Купер (40) веќе си најде утеха и тоа во занесната Ирина Шајк, поранешната девојк



