Телото на младата мексиканска актерка Кармен Јарире Нориеге Еспарза (27), беше пронајдено во резервоар за вода и тоа во комплексот згради во кој живеела.Поранешната студентка по психологија исчезна во февруари минатата година, а семејството и пријателите стравувале дека е грабната и продадена како сексуална робинка.
Нејзиното полураспаднато тело беше пронајдено откако станарите се пожалиле дека водата има чуден вкус.
Кармен Еспарза, која дипломирала психологија и сонувала да има успешна актерска кариера, последен пат била видена кога си одела од теретана накај дома.
За да ја пронајдат, семејството и пријателите покренале кампања на социјалните мрежи, но и лепеле фотографии со нејзиното лице по улиците, живеејќи во надеж дека некој ќе ја препознае.
Полицијата настојува да открие делаи нејзиното поранешно момче е одговорно за нејзината смрт. Станува збор за богат бизнисмен, кој ѝ ја плаќал киријата за станот.
Поранешната студентка по психологија исчезна во февруари минатата година, а семејството и пријателите стравувале дека е грабната и продадена како с



