Познати се тимовите кои оваа година ќе настапат на Audi Cup

Познати се тимовите кои оваа година ќе настапат на Audi Cup• Баерн ќе им биде домаќин на Реал Мадрид, Милан и Тотенхем
• Четири возбудливи фудбалски натпревари во два дена на Алијанц Арена во Минхен
• Во тек е продажбата на билетите за 4 и 5 август
Листата на тимови за купот на Audi 2015 е затворена. Баерн Минхен ќе им биде домаќин на Реал Мадрид, Милан и Тотенхем тимовите кои ќе ги одмерат силите во Минхен на  Алијанц Арена на 4-ти и 5-ти август. Продажбата на билети за турнирот на Audi e во тек, а организаторот очекува приближно 60.000 продадени билети.
Покрај соработката со домаќинот Баерн Минхен и победникот во Лигата на шампионите во 2014 година, Реал Мадрид, Audi успеа да потпише договор со уште два други, врвни, европски тимови: 18-кратниот италијански фудбалски шампион Милан кој изминативе години учествуваше на сите турнири од Купот на Audi,  како и тимот на Тотенхем кој оваа година за прв пат ќе игра под знамето на четирите прстени во Минхен.
Закажани се полуфиналните средби. Во вторник, 4 август, Реал Мадрид иТотенхем ќе го отворат купот на Audi во 18.15 часот. Истиот ден во 20.45,Баерн ќе игра против Милан. Поразените од двете средби ќе се борат за третото место во среда 5-ти август во 18.15 часот, додека пак победниците од првите две средби ќе се сретнат во финалето на Audi Купот,  закажано за 5-ти август во 20.45 часот.
Купот на Audi повторно ќе понуди многу возбудливи моменти и на едно место ќе ги собере светските фудбалски ѕвезди. Лука Модриќ и Герет Бејл од Реал Мадрид ќе играат против нивните поранешни клупски колеги од Тотенхем. За фудбалскиот клуб Баерн ќе настапат Марио Геце и Арјен Робен, кои ќе играат против „Росонерите” Стефан Ел Шарави и Џереми Менез од Милан.
Сите вљубеници во фудбалот можат билетите да ги набават на www.audicup.com• Баерн ќе им биде домаќин на Реал Мадрид, Милан и Тотенхем
• Четири возбудливи фудбалски натпревари во два д

Пронајдете не на следниве мрежи: