Познатите личности помагаат на настраданите во поплавите

Многу од балканските естрадни ѕвезди со најразлични гестови на хуманост излегоа во пресрет на настраданите жители од поплавите во Србија, Хрватска и БиХ.Халид Бешлиќ прими неколку семејства од погодените области во својот мотел во Сараево. Истото го направи и Гога Секулиќ со неколку семејства од Обреновац.
Јелена Карлеуша објави фотографии на Твитер каде се гледаат купишта храна, вода, облека и слични производи кои ги купила за луѓето во поплавените предели.
Северина на својот концерт во Словенија наместо да пее, на публиката им ги читала броевите за донации на парична помош на настраданите, по што луѓе од публиката развиорија транспарент со натпис „Србија, Хрватска, БиХ: Словенија е со вас!“
Некои од финалистите на Икс Фактор Адрија, како Маид и Алекса излегоа директно на терен да им помогнат на своите сограѓани.
 

Новак Џокович со постови на Твитер повика на помош и хуманост спрема српските жители во поплавените краишта.
Жељко Јоксимовиќ веќе донираше два камиони полни со вода за пиење, додека пак режисерот Емир Кустурица го даде на користење двата хеликоптери на полицијата и војската за спасувачките акции.
Како еден од главните организатори на донаторската акција на плоштадот Македонија во Скопје се наведува Боки13, кој во последниве 24 часа постојано повикува за помош и донации за настраданите жители.Халид Бешлиќ прими неколку семејства од погодените области во својот мотел во Сараево. Истото го направи и Гога Секулиќ со неколку

Пронајдете не на следниве мрежи: