Пратениците не ги изгласаа барањата на Катица Јанева

Пратениците не ги изгласаа барањата поднесени од група пратеници за измена и дополнување на Законот за Специјалното јавно обвинителство за продолжување на рокот за покренување на обвинение кој сега е 18 месеци, а ни измените на Законот за заштитените сведоци, со кои би се овозможило специјалната јавна обвинителка автономно да одлучува за заштита на сведокот.Собранието на Република Македонија на денешната 123-та седница ги разгледуваше Предлог-измените на законите по скратена постапка за Специјалното јавно обвинителство и за заштита на сведоците.
Измените добија поддршка од само 30 пратеници, додека останатите гласаа против, со што предлог-измените не добија поддршка во Собранието.
Станува збор за иницијатива за измени на законите кои специјалната обвинителка Катица Јанева ги достави во Собранието уште во април, со кои се бара продолжување на рокот за работа на СЈО, и измени на Законот за заштитетни сведоци со кои се овозможува на јавните обвинителства самостојно да можат да предложат и да преземат мерки за заштита на сведоци.
Измените на овие закони беа ставени на дневен ред на седницата на Собрание по барање на опозициската партија СДСМ, која изготви и ги достави предлог-законските измени изработени според барањата на специјалната обвинителка.
За измените на Законот за Специјалното обвинителство, односно за продолжување на рокот за поднесување на обвинение, 36 пратеници гласаа „за“, а 54 пратеници гласаа „против“. На гласањето не се појавија пратениците од ДУИ.
Измените на Законот ги образложи пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов, кој ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за измените.
За измените на Законот за заштитени сведоци 42 од пратениците гласаа „за“, а 52 гласаа „против“.Собранието на Република Македонија на денешната 123-та седница ги разгледуваше Предлог-измените на законите по скратена постапка за Специјално

Пронајдете не на следниве мрежи: