Истражниот судија кој го води случајот во кој познатиот водител Милан Калиниќ предизвика сообраќајна несреќа во која беа повредени унгарски државјани, одлучи на неколку месеци да му ја одземе возачката дозвола.Со оглед на тоа дека против него беше поднесена кривична пријава за постоење основано сомнение дека е направено крвично дело против безбедноста во јавниот сообраќај, Калиниќ наредниот период ќе одмори од возењето.
„Милан не се обидуваше да ги спречи надлежните да му ги одземат документите, бидејќи е свесен за последиците. Тој ангажираше неколку пријатели и соработници да му бидат при рака ако му затреба возење, па така некој секој ден го вози на работа“, вели изворот кој е упатен во истрагата.
Инаку, Калиниќ води сметка за повредените Унгарци. Тој секој ден телефонски контактира со нив и со лекарите. И понатаму го гризе совеста поради несреќата, но сега му е малку полесно.Со оглед на тоа дека против него беше поднесена кривична пријава за постоење основано сомнение дека е направено крвично дело против безбедноста во



