Преболете го поранешниот партнер во 5 чекори

Сите некогаш биле оставени или пак ја прекинале врската. Но горкото искуство не е секогаш еднакво, посилно е ако вие сте биле таа личност што повеќе сакала и ако тоа не била кратка врска.
Сеедно, не е лесно да преболите некого кој до вчера сте делеле се. Откако ќе го поминете првиот шок дека е готово, подготвени сте да свртите нова страница. Можеби овие совети ќе ви помогнат да ги направите првите чекори кон новиот животен стил – оној каде што сте сингл.
Ослободете се од сите ситници кои ве потсетуваат на него
Немојте да чувате непотребни работи во својот животен простор кои ќе ве потсетуваат на само што завршената врска. Соберете ги сите дискови, слики, подароци и останати ситници во една кутија. Компјутерот и телефонотисчистете ги од заедничките слики, документи и пораки, ставете ги сите во еден фолдер и поставете си забавна позадина. Кога сето тоа ќе го направите, пуштете си весела музика.
Бидете малку сами, а доколку не можете одете на кафе со пријателите
Иако веднаш ќе посакате да запознаете нови луѓе и потенцијални симпатии, почекајте. Земете си време за да бидете сами со себе. Читајте книги, слушајте музика, а доколку тоа ве фрла во депресија, дружете се сопријателите. Обновете ги старите пријатели, организирајте безброј кафе-средби и бидете во весело друштво.
Најдете нова забава/обврска
Ќе имате повеќе време отколку вообичаено, па паметно искористете го наместо да паѓате во депресија. Идете на курс по странски јазици, научете да играте тенис или едноставно волонтирајте. На тој начин ќе имате уште една лична цел која ќе го окупира вашето внимание и ќе ве оттргне ор размислувањето на таа личност.
Отпатувајте
Поготово сега, во летниот период лесно е да најдете дестинација за патување, барем на викенд. Доколку немате време организирајте излет со пријателите. Откријте нови места, шетајте и доживејте друга средина на друг начин.
Немојте да се јавувате
Во никој случај, немојте да се јавувате кај поранешниот партнер. Она што ќе ве одржува балансирани нема да бидат повремените јавувања и срцепарателните пораки. Навикнувањето на живот без таа личност нема да биде лесно, но ќе пронајдете сила во себе за да го изведете тоа. Во никој случај немојте да се јавувате кога сте под влијанието на алкохолот и во ниедно време да ѕвоните и цимолите на телефон.
Извор: lady.mkСите некогаш биле оставени или пак ја прекинале врската. Но горкото искуство не е секогаш еднакво, посилно е ако

Пронајдете не на следниве мрежи: