Предлог на ВМРО-ДПМНЕ: Претседател на Советот на Центар да биде од СДСМ

Новиот предлог од ВМРО- да се гласа за нов претседател на Советот, беше одбиен од советниците на СДСМ.Со ова директно се крши Законот за локална самоуправа во делот каде е наведено дека одлуките донесени на Совет се валидни само со потпис на претседателот кој потоа ги предава на градоначалникот на општината.
Андреј Жерновски и мнозинството на СДСМ неподдржувајќи го овој предлог покажаа негрижа за почитување на законите и за донесување на одлуки кои не се потпишани од претседателот што директно претставува негрижа за граѓаните на Центар.
И покрај инсистирањето на советниците од ВМРО-ДПМНЕ да се изгласа нов претседател на Совет, поради отсуството на Шиповиќ, против кого се води судски случај за сторена злоупотреба од над 1 милион евра, нивниот предлог беше одбиен.
-Постои законска неопходност да се изгласа претседател на Совет со цел да не се блокира работата на Советот и функционирањето на општината. Токму поради обезбедување на непречено функционирање на општината, во интерес на граѓаните советничката група на ВМРО-ДПМНЕ предложи именување на нов претседател на Совет и подготвеност да поддржиме било кој предлог кој ќе биде предложен од страна на мнозинството предводено од СДСМ и Жерновски, потенцира координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Лазаровски.
Со ваквиот предлог, ВМРО-ДПМНЕ покажа две работи. Прво, дека за нив најголем интерес  се граѓаните, кои заслужуваат општина која ќе одговори на нивните барања и потреби, а второ, на овој начин се избива аргументот на СДСМ дека цел на ВМРО-ДПМНЕ е на нелегитимен начин да обезбеди контрола врз општината.
-За жал, Жерновски и мнозинството на СДСМ не го поддржаа овој предлог. Ова покажува дека тие работат на штета на граѓаните на Центар и посакуваат блокада која ја користат за манипулација и во нивното севкупно политичко дејствување, потенцира Лазаровски.
Од ВМРО-ДПМНЕ Центар остануваат подготвени да го поддржат секој предлог на Советот, кој е од интерес на граѓаните и во функција на развојот на општината.Со ова директно се крши Законот за локална самоуправа во делот каде е наведено дека одлуките донесени на Совет се валидни само со потпис на претсед

Пронајдете не на следниве мрежи: