Предновогодишно дружење во ТРИ

Во сабота, на 24 декември од 12 часот, Издавачкиот центар ТРИ, како дел од традиционалниот Зимски фестивал на книгата кој се одржува во нашите книжарници, организира дружење со омилените домашни автори Винка Саздова, Коста Петров, Игор Џамбазов, Марија Јаневска, Весна Бејби Петрушевска и Владимир Ристевски.Поттикнати од реакциите на нашите читатели, кои секојдневно ни ги праќаат своите впечатоци од новата книга на Коста Петров „Никој не рече дека ќе биде лесно“, приредуваме втора неформална промоција, на која присутните ќе имаат можност да добијат посветен примерок, да се запознаат со Коста и непосредно со него да ги споделат своите впечатоци и искуства.
Во рамките на овој настан читателите ќе имаат можност да поразговараат и со Винка Саздова и нејзината неповторлива „Луна“; да се дружат со Весна Бејби Петрушевска чие автобиографско дело „Трофеј“ е едно од најпродаваните оваа есен; да дознаат дали Марија Јаневска подготвува нешто ново; да чујат некоја интересна животна приказна од единствениот шоумен Игор Џамбазов; како и да се запознаат со Владимир Ристевски, авторот на „Исповеди на еден психотичен ум“.
Се надеваме дека со ова ќе го разубавиме предновогодишниот период и заедно ќе заокружиме уште една успешна година.Поттикнати од реакциите на нашите читатели, кои секојдневно ни ги праќаат своите впечатоци од новата книга на Коста Петров „Никој н

Пронајдете не на следниве мрежи: