петок, 27 ноември 2026
Најново

Предупредување: Џихадистите пристигнуваат во Европа и ќе ги нападнат овие земји!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Белгиската полиција доби предупредување од Антитерористичката агенција за разузнавање дека групa борци од Исламска држава планираат напади во Белгија и Франција и дека тие неодамна од Сирија допатувале во Европа, изјави денеска претставник на силите за безбедност.Белгискиот центар за вонредна состојба, кој е одговорен за координација на безбедносните мерки, соопшти дека предупредувањето ќе го испрати до сите полициски сили ширум Белгија, но дека засега не се планира зголемување на  степенот на безбедност во земјата на максимално ниво, кое укажува на непосредна опасност од напад.
Белгискиот весник „ДХ“ цитирајќи ги наводите од предупедувањето објави дека група џихадисти ја „напуштиле Сирија пред една и пол недела, со цел преку Турција и Грција со брод да стигнат до Европа без пасоши“, при што не се наведува точниот датум кога тие тргнале кон Европа.
Весникот исто така наведува дека меѓу потенцијални цели на терористите во Белгија е еден трговски центар во Брисел, рестораните на американските синџири за брза храна и полицијата.Белгискиот центар за вонредна состојба, кој е одговорен за координација на безбедносните мерки, соопшти дека предупредувањето ќе го испрати до сите

Поврзани вести