Предвидувањата на Исак Асимов за 2014 година се точни!

Предвидувањето за иднината е секогаш проблематична работа. На секој Нострадамус доаѓаат стотина други луѓе чии имиња не ги знаеме, воглавно поради тоа што нивните предвидувања не се претвориле во вистина. Меѓутоа, Исак Асимов не е еден од тие луѓе.Прочуениот автор на научнофантастични книги, познат по “Трите закони на роботиката”, 1964-та година реши да ги понуди своите видувања за светот во 2014-та година.
Ова се некои од неговите предвидувања:
-Во кујната ќе се наоѓаат уреди кои ќе прават “автоматизирани оброци”, ќе загреваат вода и ќе ја претвораат во кафе.
-Уредите во 2014 нема да имаат кабли.
-Комплетните обоци, со полуспремена храна, ќе бидат сместени во единиците за ладење
-До 2014 година бродовите на Марс ќе слетуваат без луѓе, иако човештвото работи на тоа да испрати човек на неговата површина
-Сателитите кои ќе крстарат низ вселената, ќе ни овозможат да се поврземе со било кое место на Земјата
-Комуникацијата ќе биде во форма на звук и вид, и ќе можеме да ја видиме и слушнеме личноста со која комуницираме преку телефон
-Всушност, една од популарните работи во 2014-та година ќе бидат и 3Д телевизорите кои ќе го надминат сето она што сме го виделе до сега.
-Роботите ќе бидат се по присутни, и нема да бидат премногу добри, но сепак ќе постојат.
-Голема е веројатноста дека Земјата тогаш ќе ја населуваат 6.5 милијарди, а популацијата на Америка ќе изнесува 350 милиони жители.
Во прилог еден документарец за Исак Асимов кој го објавивме на времето уште кога излезе премиерно:

Преземено од: Think.mkПрочуениот автор на научнофантастични книги, познат по “Трите закони на роботиката”, 1964

Пронајдете не на следниве мрежи: