Нивниот татко е еден од најпознатите грубијани во Холивуд, и никогаш не важел за убавец. Но, изгледа дека тие повлекле на мајката, бидејќи и на двете им предвидуваат блескави манекенски кариери.Софија (18) и Систин (16) се ќерките на Силвестер Сталоне, но воопшто не личат на татко им. Изгледа дека повлекле на мајка им, Џенифер Фајвин, која некогаш се занимавала со манекенство.
Иако актерот на големото платно е прилично груб, кога се работи за неговите ќерки тој е вистински маж. Така неодамна на својот Инстаграм профил објавил фотографија од Систин, која сака да стане манекенка, на која и пружил поддршка.
„Со мојата ќерка Систин која сака да биде сериозна манекенка. Верувам дека ти можеш“, напишал гордиот татко.
Иако има само 16 години, Систин е свесна на последиците кои ги носи славата, бидејќи израснала под будното око на папараците и новинарите.
„Морам да внимавам што правам, инаку подоцна можам да се покајам. Но понекогаш едноставно сакате да излезете со пријателите и да не размислувате како изгледате“, вели таа.
Сепак, вели дека е доволно возрасна за да знае што сака- а тоа е живот пред камерите ! И затоа сака да биде сериозна манекенка, а бидејќи веќе се појавила на насловната страна на неколку списанија, ја очекува блескава кариера.
Нејзината постара сестра Софија, која инаку изгледа како да и е сестра близначка, нема толку успех како Систин. Таа пред две години имала сериозни проблеми со срцето, поради што морала да оди на операција на отворено срце.
Откако во 2012 година, Силвестер го изгубил синот поради срцеви проблеми, дознал дека и неговата ќерка го има истиот здравствен проблем. Затоа родителите одлучиле таа година во потполност да и ја посветат на Софија.
Иако операцијата поминала успешно, Софија изгледа се уште на ја пронашла својата кариера.
„Секој ден размислувам за своето срце. Јадам многу здрава храна и внимателна сум кога вежбам, бидејќи многу брзо се заморувам“, изјавила Софија. Таа уште како бебе имала една операција на отворено срце но 16 години подоцна морала повторно да оди под нож.Софија (18) и Систин (16) се ќерките на Силвестер Сталоне, но воопшто не личат на татко им. Изгледа дека повлекле на мајка им, Џенифер Фајвин, која



