Преку 20 повредени во судирите на југот од Косовска Митровица

За време на протестите поради изградбата на таканаречениот „Парк на мирот“, дојде до судири помеѓу полицијата и демонстрантите.„Билансот на денешните протести и судири во јужниот дел на Косовска Митровица е 14 повредени полицајци и шест повредени демонстранти“, изјави портпаролот на косовската полиција за јужниот дел на Митровица Авни Захити, додавајќи и дека се уапсени пет лица.
Според приштинските медиуми во судирите се повредени и двајца новинари. 
Директорот на Канцеларијата за Косово, Марко Џуриќ, остро ги осуди протестите, истакнувајќи дека тие се насочени против мирот и стабилизацијата на односите помеѓу Србите и Албанците.
Владата на Косово соопшти дека барикадите на мостот на реката Ибар ќе бидат отстранети и слободата на движење ќе биде гарантирана според законите и Уставот на Косово.„Билансот на денешните протести и судири во јужниот дел на Косовска Митровица е 14 повредени полицајци и шест повредени демонстранти“,

Пронајдете не на следниве мрежи: