Премиера на eвровизиската песна „Империја“ во среда

Во среда, на 27 февруари во 20.45 часот, во студиото 1 на Македонската радио телевизија, гледачите за прв пат ќе имаат можност да ја слушнат „Империја“,  евровизиската песна на нашите годинешни претставници, Есма Реџепова и Влатко Лозановски.Во текот на шоуто, премиерно прикажување ќе има и на официјалниот спот за македонската песна која ќе не претстави на „Евровизија 2013“.„Велат дека упорноста и трудот секогаш одат заедно и резултираат со неминовен успех. Како доказ на ова тврдење, подготвивме шоу, за кое нескромно можам да кажам дека ќе изгледа и повеќе од светски. Преку шоуто, нашите гледачи ќе имаат можност да бидат сведоци на она на што подолг временски период неуморно работи тимот на Македонската радио телевизија и безрезервно вложува во проектот наречен „Евровизија 2013“. Го поканувам сиот македонски аудиториум, но и пошироко да го проследи евровизиското шоу, оваа среда, во 20.45 часот и за прв пат да ја слушне хитовската „Империја“, како и да го види спотот за истата“, изјави Љупчо Мирковски, шеф на евровизиската делегација на Македонската радио телевизија.Богата музичка програма на која домаќин ќе биде Димитар Атанасовски, голем избор на гости и разговори поврзани со темата „Евровизија“ е само мал дел од најавата за она што ќе се случува оваа среда, во 20.45 часот.Во студио 1 во Македонската радио телевизија, придружувани од народниот оркестар на Македонската радио телевизија и Биг Бенд, нашите евровизиски претставници Есма Реџепова и Влатко Лозановски ќе ја отпеат евровизиската „Империја“.Освен тоа, во живо ќе отпеат и по неколку песни, дел од нивната долгогодишна музичка и естрадна кариера. Студиото ќе го збогати со своето присуство и минатогодишната евровизиска претставничка Калиопи Букле, која ќе говори за своето искуство поврзано со „Евровизија“.Евровизискиот хит „Империја“ е дело на авторот и текстописец Борче Атанасовски, а музиката и аранжманот се дел на Симеон Атанасов и Дејан Момироски.
МакфаксВо среда, на 27 февруари во 20.45 часот, во студиото 1 на Македонската радио телевизија, гледачите за прв пат ќе имаат

Пронајдете не на следниве мрежи: