четврток, 12 ноември 2026
Најново

Премиерот Димитриев со честитка по повод Св. Климент

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Владата Емил Димитриев упати честитка по повод празникот Св. Климент до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, до членовите на Синодот на Македонската православна црква и до сите православни верници, посакувајќи им среќа и душевен мир.– Славејќи го ликот и делото на Свети Климент, продолжува нашата традиција на народ кој умее да ги цени и почитува големите луѓе и големите дела од својата историја. Македонската историја векови наназад е испреплетена со мноштво на црковни и општествени дејци кои оставиле траен белег во сеќавањата на луѓето и трајни вредности во македонското културно издигнување. Меѓу сите нив, многу векови наназад, како еден од најпрепознатливите и најблиските до народот, останал да се памети и прославува големиот просветител Свети Климент Охридски, пишува Димитриев во честитката.
Како и сите претходни години, наведува Димитриев, така и оваа година, да си спомнеме за Климентовото дело, за македонското проодување во верата, за нашата христијанизација, описменување и севкупно културолошко воздигнување.
– Да си спомнеме и грижливо да си ги чуваме силните вредности кои ни ги оставил нашиот духовен великан. Да одбележиме и да се инспирираме од неговиот живот, од неговиот несекојдневен дух, карактер, посветеност, трпение и љубов кон луѓето. Да се помолиме за здравје, среќа и љубов помеѓу нашите граѓани, наведува премиееот Димитриев во честитката.– Славејќи го ликот и делото на Свети Климент, продолжува нашата традиција на народ кој умее да ги цени и почитува големите луѓе и големите д

Поврзани вести