Премиерот Груевски најави план за нови вработувања во АРМ

Вработените во безбедноста и одбраната со одржувањето на редот и борбата против корупцијата се клучен сегмент во македонското општество.Владата на Република Македонија изминативе години направи многу мерки во оваа област со цел подобрување на условите во кои работат нашите бранители.
Премиерот Никола Груевски, пред синдикатите денес најави една голема и важна мерка.
-Се прават планови за нови вработувања во Армијата, доопремување на Армијата со долгорочен план. Се планира и подобрување на условите во касарните каде работат овие лица, рече Груевски.
Истовремено, тој потсети дека Владата работи на една важна и клучна мерка, професионалните војници по својата 45-годишна возраст, откако ќе ја напуштат службата ќе бидат вработени во државните служби.
Тие ќе имаат решение, редовно ќе бидат вработени, ќе зимаат плата додека не ги исполнат условите за пензија.
„АРМ мој вистински дом“ создава можност за решавање на станбеното прашање на припадниците на Армијата, се подобруваат условите за работа, отворено е училиште за пилоти. Ова се само дел од мерките спроведени од оваа Влада за оваа категорија на лица.Владата на Република Македонија изминативе години направи многу мерки во оваа област со цел подобрување на условите во кои работат нашите бранители

Пронајдете не на следниве мрежи: