Премиерот Никола Груевски го исполни ветувањето!

Премиерот Никола Груевски го исполни ветувањето дадено во кампањата од локалните избори, кога од скопскиот плоштад најави дека германска компанија ќе инвестира во Велес и ќе вработи 600 лица.Груевски за време на своето обраќање на 9-ти март во Скопје, рече дека сo успех завршиле преговорите со германска компанија, која ќе отвори фабрика за електроника.
-За еден германски гигант министерот Веле Самак денеска ме информираше дека со успех завршија преговорите и дека планираат наскоро нова фабрика кај Велес за електроника во која ќе вработат нови 600 невработени луѓе, рече Груевски и нагласи дека во тој момент името на компанијата не смее да се објави поради деловни причини.
Ваквото ветување на Груевски, стана реалност. Министерот Веле Самак во присуство  Груевски и владини претставници денеска го потпишаа договорот со германската компанија „Marquardt GmbH“, инвестиција вредна над 35 милион евра.
Компанијата која ќе биде сместена во Велес ќе произведува електронски продукции со висока технологија како составни делови за врвни германски брендови на автомобили како Мерцедес, Ауди и БМВ и во неа ќе бидат вработени околу 600 лица.
Производствениот погон ќе започне да се гради во првиот квартал на 2014 и ќе биде со површина од 15.000 метри квадратни. Изградбата се очекува да биде завршена во првиот квартал на 2015, по што ќе се започне со производство на автомобилските производи.
Германската групација досега има отворено компании во 9 земји, САД, Мексико, Индија, Кина, Тунис, Германија, Швајцарија, Франција и Романија и во нив работат повеќе од 7.000 лица.Груевски за време на своето обраќање на 9-ти март во Скопје, рече дека сo успех завршиле преговорите со германска компанија, која ќе отвори фабрика

Пронајдете не на следниве мрежи: