Премногу ги искубавте веѓите? Овој трик ќе ви помогне да го вратите саканиот облик

Loading...

Доколку малку сте се занеле со чупалицата и сега наместо веѓи имате два зарези на лицето, не се грижете, бјути експертите имаат решение и за тоа!За да ја спасите ситуацијата ќе ви треба молив за веѓи, коса четкичка, сенка за веѓите и четкичка за чешлање (може да послужи и онаа од стара маскара).

Што да направите?
1. Со молив за веѓи (кој мора да биде за нијанса посветол од вашите веѓи), со меки, силни движења исцртајте цртички на веѓите (како да имитирате влакненца) и така исполнете го саканиот облик на веѓи.
2. Со коса четкичка и сенка за веѓи (повторно во нијанса која е малку посветла од вашите веѓи) лесно и уредно поминете преку веѓите, повторно пополнувајќи го саканиот облик.
3. Со сува четкичка уредно исчешлајте ги веѓите за да добиете што поприроден изглед.
Совет: Пред оваа постапка веѓите мораат да бидат потполно суви, без траги од вода, крема или пудра.
За да ја спасите ситуацијата ќе ви треба молив за веѓи, коса четкичка, сенка за веѓите и четкичка за чешлање (може да послужи и онаа од стара маска

loading...